ЕХФ се огласи: Обвинувањата кон македонските судии се неосновани и без докази

Фото: ИХФ

Денес во ракометната јавност актуелни се објавите на данската „ТВ2“ за наводни наместени натпревари, а во наводниот скандал беа вклучени и најдобрите македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Набрзо по објавата која предизвика бурни реакции се огласи и ЕХФ. Европската ракометна федерација тврди дека тие немаат никакви докази, а нема ниту полицијата.

„Во 2018, „Спортрадар“ истражуваше по најави за нелегални обложувачки однесувања во најсилните натпреварувања на ЕХФ. Во декември 2018, ЕХФ ја препрати документацијата до релевантните органи, поточно до единицата за спортски интегритет, како и одделот за организиран криминал со цел да започнат истрагите. Тоа беше пристап кој е потребен за местењето натпревари, кое е кривично дело за тое мора да се одговара. Според нашите сознанија, досега полицијата не пронајде ништо, па шпекулациите продолжија.

Самостојната анализа на ЕХФ на тие натпревари од спортска гледна точка не пронајде докази кои ги потврдуваат наводите. Во ЕХФ има нулта стапка на толеранција за било какво местење натпреваи или влијание на резултати. Местењето не е прифатено во спортот и во едно наше натпреварување би било кршење на сите вредности на ЕХФ.  Судиите не се суспендирани бидејќи ниту полицијата, ниту ЕХФ нема повод за било каква санкција“, стои во соопштението од ЕХФ.

Инаку во истрагата бил вклучен и натпревар на Вардар од 2016 година против Веспрем кој заврши без победник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот