Сите жени на Борис Џонсон: Се женеше три пати, ги изневеруваше сопругите

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN/Профимедиа

Британскиот премиер Борис Џонсон пред неколку дена поднесе оставка, но тој речиси секогаш е во центарот на медиумското внимание, во последно време повеќе поради државните активности отколку поради турбулентниот приватен живот. Минатата година се пишуваше за неговата млада сопруга Кери Симондс, со која има две деца.

Сите негови деца

Едно време постоеше забуна околу тоа колку деца има британскиот премиер. Со поранешната сопруга Марина Вилер, Џонсон има четири деца. Лара, Мило Артуро, Касија Пичиз и Теодора Аполо. Лара Џонсон е само пет години помлада од неговата сегашна сопруга.

Тој има и дете родено во 2009 година, како резултат на аферата со консултантката за уметност Хелен Мекинтајр. Нејзиното дете наводно е едно од двете што ги добил со љубовниците.

Џонсон повеќепати велеше дека нема да зборува за својот приватен живот, а во текот на предизборната кампања во 2019 година рече дека нема да зборува за своите деца.

Тој и неговата сегашна сопруга Кери Симондс Џонсон го добија своето прво дете, синот Вилфред во 2020, а второто, ќерката Роми Ајрис Шарлот во 2021 година.

Турбулентен љубовен живот

Британскиот премиер во јавноста е познат по својот многу бурен љубовен живот за кој многу се пишуваше. Безброј пати ја изневерувал поранешната сопруга Марина, а пред врската со Кери имал и бројни други афери.

Кери Симондс

Кери и Џонсон почнаа да живеат заедно на Даунинг стрит 10 пред да се венчаат, што беше преседан за еден британски премиер. Тој токму поради врската со Кери се разведе од својата поранешна (втора сопруга) Марина Вилер со која беше 25 години.

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Бракот со Кери му е трет по ред. Џонсон се ожени лани во мај во тајност, откако претходно беше објавено дека венчавката е закажана за 30 јули.

Џонсон и Симондс се венчаа на мала церемонија во Вестминстерската катедрала. На церемонијата присуствуваа околу 30 гости, меѓу кои семејствата и најблиските пријатели на младенците. Двојката се сврши во 2019 година, но мораше да го одложи датумот на венчавката поради пандемијата на ковид-19.

Но, врската помеѓу Борис и Кери ја следеа бројни скандали, па во една прилика полицијата реагирала поради расправија која се случила во нивниот поранешен дом.

Алегра Мостејн-Овен

Алегра Мостејн-Овен е љубов на Џонсон од факултет и му беше негова прва сопруга. Се разведоа во 1993 година, откако тој ја изневери со втората сопруга Марина Вилер. Џонсон повеќепати негираше дека ја изневерувал сопругата.

Џонсон се ожени со Алегра од Универзитетот Оксфорд во 1987 година кога и двајцата имаа 23 години.

Марина Вилер

Џонсон и Марина Вилер се венчаа само 12 дена откако го заврши првиот брак. Добија четири деца, а Марина, која по потекло е од Индија, долго ги трпеше аферите на Борис, кои ги имаше многу.

Фото: Профимедиа

Ја изневери сопругата со новинарката и авторка на книги за познати личности Петронела Вајат, ќерка на познатиот лорд Вајат. Таа тврдеше дека два пати забременила од Џонсон, но дека едното дете го абортирала, а за другото доживеала спонтан абортус.

Се пишуваше и за неговата афера со новинарката Ана Фазакерли, кога сопругата го исфрли од дома. Потоа тој добил дете со Хелен Мекинтаер, па сопругата повторно го исфрлила од дома.

Џенифер Аркури

Многу се зборуваше и за неговата афера со американската претприемачка Џенифер Аркури (36). Таа тврди дека го запознала британскиот премиер кога тој бил градоначалник на Лондон. Набрзо започнале страсна врска која траела со години. Џонсон со неа ја изневерил тогашната сопруга, ѝ помогнал на Џенифер да развие бизнис. Таа отворено зборуваше за медиумите за нивниот сексуален живот и страсните средби.

Фото: Профимедиа

Првиот секс помеѓу младата Американка и градоначалникот се случил на 29 август 2012 година во нејзиниот стан во Лондон. Во меѓувреме, Џенифер од студентка стана претприемачка. Организираше низа конференции за нови технологии, на кои зборуваше и нејзиниот љубовник.

„Сандеј тајмс“ објави во септември 2019 година, неколку месеци пред општите избори во Британија, дека поранешниот градоначалник Џонсон имал конфликт на интереси поради тоа што не го открил своето блиско пријателство со Аркури.

Џенифер ја раскина врската со Борис во 2016 година, се врати во Америка, се омажи и доби дете, но нејзиниот поранешен љубовник наводно не ја заборавил целосно.

Џонсон последен го напушти „бродот што тоне“

Британскиот премиер Борис Џонсон тајно се ожени

ФОТО: Прва фотографија од венчавката на Борис Џонсон: Премиерот бушав, а невестата со необичен стајлинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот