Сите тестирани во ФК Вардар се негативни на Ковид-19

vardarfans.mk

„Црвено-црните“ сега ќе можат да продолжат со тренинзи и да се подготвуваат за доигрување на првенството.

Синдикатот на фудбалери на Македонија објави уште една добра вест по вчерашното тестирање во фудбалскиот клуб Вардар.

Сите тестирани во таборот на „црвено-црните“ се негативни на Ковид-19 што претставува уште еден добар знак пред евентуалното продолжување на сезоната во Првата лига.

Вардарци кои до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус беа водечки во генералниот пласман, сега ќе можат да продолжат со тренинзи и да се подготвуваат за доигрувањето на првенството.

Добра вест по вчерашното тестирање во ФК Вардар. Сите тестирани се негативни на Ковид 19. Денеска мобилна екипа на Аџибадем Систина беше во Виница и изврши тестирање на ФК Слога. Нивните резултати ги очекуваме утре – соопштуваат од СФМ.

Во текот на вчерашниот ден Синдикатот на фудбалери на Македонија информираше дека ФК Шкупи ќе се тестира на друго место од сопствен буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот