Сите светски добивки се анулираат: Глобалната економија во најголем пад во последните 90 години

ОН наведува дека уште 130 милиони луѓе би можело да преминат во групата екстремно ситомашни до 2030 година што пак претставува силен удар врз глобалните напори да се искорени ваквата состојба како и гладот до крајот на деценијата.

Обединетите нации предвидуваат дека светската економија поради пандемијата од корона вирусот оваа година ќе забележи пад од 3,2 отсто, што е најголем пад од Големата депресија во 1930 година.

Во актиелниот извештај на ОН за економската ситуација во светот, се наведува дека се очекува дека Ковид – 19 ќе ја намали вредноста на глобалното економско производство за речиси 8,5 милијарди долари во наредните две години, што пак значи дека ќе бидат поништени сите добивки од последните четири години.

Во јануари ОН предвидуваа скромен економски раст од 2,5 отсто во 2020 година. Во извештајот се наведува дека пандемијата ќе доведе до влошување на сиромаштијата и нееднаквоста, бидејќи се проценува дека 34,3 милиони лица во светот ќе паднат под границите на екстремна сиромаштија годинава, од кои 56 отсто ќе бидат луѓе од Африка.

ОН наведува дека уште 130 милиони луѓе би можело да преминат во групата екстремно ситомашни до 2030 година што пак претставува силен удар врз глобалните напори да се искорени ваквата состојба како и гладот до крајот на деценијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот