Сите со нетрпение ги очекуваат: Метју Пери откри кога ќе продолжи снимањето на „Пријатели“

Profimedia
Profimedia

Конечно имаме одговор, благодарение на Чендлер Бинг…

Како и многу други продукции, снимањето на „HBO Max“ специјалот на ТВ серијата „Пријатели“ беше одложено уште на самиот почеток поради коронавирусот, и оттогаш немавме никаква информација кога ќе биде продолжено.

Сега конечно имамате одговор, благодарение на Метју Пери, кој во серијата го толкуваше Чендлер Бинг.

– Продолжението на снимањето на „Пријатели“ е закажано за март 2021 година. Изгледа дека ни претстои година полна работа, а тоа и го посакувам, напиша Пери на својот Твитер профил, пренесува „Variety“.

Фото: Профимедиа

Обожавателите веќе размислуваат на што точно мислел Пери кога рекол „година полна работа“.

Дали тоа значи уште неколку снимања во врска со „Пријатели“, или други проекти? Или едноставно мисли на своите лични обврски? Наскоро ќе дознаеме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот