Сите што ќе одат на лидерската со Мицкоски го легитимираат криминалот на власта, порачаа од СДСМ
Од опозициската партија СДСМ, од каде одбија да присуствуваат на денешната лидерска средба, порачаа дека „сите што ќе одат на средбата со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата. Оттаму оценуваат дека со учеството на лидерската средба, присутните ја поддржуваат и антиевропската кампања на власта за изолација на земјава, планот за предвремени парламентарни избори, кои според СДСМ, ќе бидат без основни услови да бидат фер и демократски, како и реализација на планот „мигранти за пари“ по изборите.
Препорачано
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна, на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од партијата.
СДСМ: Само со техничка влада е можен обид за фер избори – Слободен печат
Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи лидерска средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски, а според најавите, на средбата ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик, за укинување на техничката влада која се избира на 100 дена пред избори, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.
Своето присуство на средбата го потврдија опозициските Левица и ДУИ, како и коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ – Вреди и Движењето ЗНАМ. Лидерската средба ја поздравија и Либерално-демократската партија и ДОМ.
Лидерското ценкање на маса, отстапките на Мицкоски под маса – Слободен печат


