Ахмети и Апасиев му одговорија на Мицкоски – само еден лидер не доаѓа на лидерската средба
ДУИ вечерва потврди дека Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба што ја свика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. Од партијата засега не го откриваат ставот околу укинувањето на техничката влада што го предлага Мицкоски.
Препорачано
Портпаролката на ДУИ, Арта Зендели Биљали, откако заврши состанокот на новиот Генерален совет на ДУИ, кој траеше два и пол часа, соопшти дека едногласно е одлучено Ахмети да оди на лидерската средба.
– Во дебатата којашто следуваше во текот на седницата, особено во врска со лидерската средба, се донесе со едногласна одлука од Генералниот совет како надлежен орган, дека претседателот на Демократската унија за интеграција ќе треба да присуствува и да, тој ќе присуствува на утрешната лидерска средба во клуб на пратеници, рече Зендели Биљали.
Учеството на средбата што ја иницира Мицкоски го потврди и опозициската Левица.
Од поканетите, единствен кој не прифати да учествува на лидерската средба е лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој рече дека не сака да седи на иста маса со, како што ги нарече, „криминалци“, и дека најмалку сака да разговара за укинување на „пржинската“ техничка влада.
Од ЗНАМ велат дека на средбата ќе присуствуваат министерот за јавна администрација и генерален секретар на партијата, Горан Минчев, и координаторот на пратеничката група Бобан Карапејовски. Лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, треба да биде претставникот на владејачката коалиција „Вреди“.
Мицкоски: Ќе барам лидерска средба за укинување на техничката влада и за реформските закони


