Сите нечистотии од фугите исчезнуваат – Мешавина која гарантира совршено чисти керамички плочки

Направете ја оваа мешавина од состојки кои сите ги имаме во домот и вашата бања ќе заблеска.

Состојки:

– 7 чаши вода (1,5 литри)

– 1/2 чаша сода бикарбона

– 1/3 чаша сок од лимон ( или 1 супена лажица лимонтус, односно лимонска киселина)

– 1/4 чаша алокохолен оцет

Подготовка:

– Растворете ја содата во 1,5 литри вода, па додадете го сокот од лимон и на крајот полека сипете го оцетот.

– Почекајте да помине хемиската реакција и тогаш мешавината е подготвена за употреба.

– Со четка или сунѓер втријте ја смесата во фугите меѓу плочките, и преку плочките.

– Оставете малку да отстои, па исплакнете.

Резултатите се видливи веднаш!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот