Сите му свртеа грб на Кевин Мекарти

Кевин Мекарти / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Прв пат во историјата, коалицијата на демократите и републиканците одлучи да го разреши претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти. Проблемот за поранешниот спирек е што тој не е најпопуларен меѓу неговите колеги, туку и кај американската јавност, покажа неодамнешното истражување на ЈуГов, во кое се вели дека многу жители на САД немаат позитивно мислење за Мекарти.

Само шест отсто од анкетираните возрасни лица во САД го сметале Мекарти во многу поволно светло, додека 20 отсто имаа донекаде позитивно мислење за пратеникот. Од друга страна, речиси половина од учесниците во истражувањето имале неповолно мислење за конгресменот Мекарти, додека четвртина од испитаниците немале фиксно мислење.

Мекарти беше избран за спикер во јануари по 15 изборни кругови, што претставува дополнителен удар врз јавниот имиџ на неговата партија. Републиканците веќе покажаа полоши резултати од очекувањата на среднорочните избори минатата година, со што не успеаја да направат пресврт во Сенатот откако изборите во 2020 година им обезбедија на демократите тесно мнозинство и добија само девет места во Домот.

Делумно поради двопартискиот договор на Мекарти со администрацијата на Бајден за да се спречи затворање на владата, група републикански пратеници предводени од екстремно десничарскиот претставник на Флорида, Мет Гаец, им се придружија на 208 демократи во гласањето. Според известувањето на Ројтерс, Мекарти нема повторно да се кандидира за претседател додека новото гласање за неговиот наследник е закажано за 11 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот