Сите екипи сакаат Серија А да се доигра и да се добие шампионот на теренот

фото: твитер

Сите 20 екипи во Серија А денеска на анонимно гласање потврдика дека сакаат да се доиграат преостанатите 12 кола и шампионот да се добие на теренот.

На денешниот состанок, 20. екипи во Серија А анонимано гласаа да се продолжи сезоната. Првенството е прекинато на 9. март поради пандемијата на коронавирусот, но конечната одлука дали ќе има фудбал ќе ја донесе италијанската Влада.


Министерот за спорт, Виченцо Спадафора истакна дека сака првенството во Серија А да продолжи но за тоа да се случи мора да бидат задоволени медицинските протоколи.

Според одлуката на Владата, фудбалерите ќе можат да се вратат на тренинзите од 18. мај, а првенството би пролжило во првата половина од јуни.

Главна причина за едногласната одлука на екипите од Серија А да се доигра првенството пред празни трибини се парите од ТВ правата. Екипите за преостанатите 12. кола треба да добијат 233 милиони евра од носителите на ТВ правата, и таа сума треба да им помогне да ја „преживеат“ кризата која ги зафати поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот