Сирупот од коприва е добар за разни здравствени проблеми

фото:pixbay

Овој сок е добар против реума и артритис, а бидејќи копривите се богати со железо одличен е во борба со анемијата.

Сирупот од коприва можат да го пијат и оние кои имаат проблеми со астма и кожа. Исто така се верува дека спречува респираторни и уринарни проблеми, но и губење на косата. Не морате секогаш да го разблажувате со вода, со него можете само да ги полеете приготвените американски палачинки. Еве две рецепти:

1. Едноставен сируп
Еден килограм листови од млада коприва измијте ги и исцедете ги. Потоа потопете ги во 2,5 литри вода и варете на средна температура околу еден час. Процедете го, додајте шеќер по 500 грама за секои 500 милилитри течности мешајте додека се растопи. Добиениот сируп ставете го во стаклено шише и добро затворете го.

2. Со мед и лимон
400 грама свежи листови од млад коприва измијте ги и исечкајте ги. Ставете  во тенџере еден литар филтрирана вода, додајте 500 грама шеќер и варете со повремено мешање. Ако се  создаде пена отстранете ја со лажица. Копривите ставете ги во керамички сад и прелејте ги со сирупот. Поклопете со чинија и потиснете со тешка чаша или тегла со вода. Оставете да стои 10 минути. Додајте сок од 6 големи лимони и 1 килограм мед. Мешајте додека се растопи медот. Потоа со раце одвојте ги копривите и истискајте ги. По потреба процедете го сокот и соберете го во стерилни шишиња, затворете го и чувајте го на ладно и темно место.

Ако правите сок помешајте 1/4 чаша сируп со 3/4 вода. Сирупот може да трае шест месеци.

Видео на денот