СИПА уапси жена за финансирање на Исламска држава

Членовите на Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА) уапсија едно лице на аеродромот во Тузла под сомнение за сторено кривично дело финансирање терористички активности и организирање терористичка група.
Постапувајќи по наредба на Судот на БиХ, членовите на СИПА вчера извршија претрес на лица, станови и помошни објекти на една локација во Тузла и открија предмети што ќе послужат како доказ во понатамошната кривична постапка, беше објавено од СИПА, пренесува Српскаинфо.
Уапсеното лице е однесено во просториите на СИПА и се води кривична постапка, по што ќе биде предадено на Обвинителството на БиХ, заедно со пријава за сторено кривично дело.
Според неофицијални информации на телевизијата АТВ, уапсена е С.Х. која во неколку наврати испраќала пари од Швајцарија и на тој начин и помагала на терористичката организација „Исламска држава“.
Според истиот извор, нејзиниот сопруг бил осуден за војната во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот