Чет Хенкс / Фото: Инстаграм/Чет Хенкс

Синот на Том Хенкс живее во приколка и гради музичка кариера: „Имам сè што ми треба“

Чет Хенкс, синот на холивудската ѕвезда Том Хенкс и Рита Вилсон, повторно е актуелен во јавноста со новата сезона на серијата „На чело на тимот“ (Running Point), но и поради необичниот начин на живот што го избрал.

Триесет и петгодишниот актер и музичар откри дека моментално живее во приколка во камп-парк во Нешвил, каде што се преселил за да се посвети на кариера во кантри музиката.

Во гостување кај Џими Фалон, Хенкс објасни дека не сакал повторно да вложува во уредување стан, откако неодамна средил дом во Лос Анџелес.

„Не сакав повторно да купувам и уредувам стан. Бев по хотели и сместувања на Ер-би-ен-би, но тоа ми здосади – сакав свој простор“, изјави тој.

Инспирацијата за ваквиот начин на живот ја добил по патување во Кармел-бај-да-Си во Калифорнија, каде престојувал во приколка од типот „Ерстрим“.

„Многу ми се допадна. Си реков – сакам вакво нешто. И си купив приколка“, откри Хенкс.

Чет Хенкс во емисијата на Џими Фелон / Фото: Инстаграм/Чет Хенкс

Неговиот „дом на тркала“, како што вели, е целосно опремен: има кујна, туш и сè што му е потребно за секојдневие. Сепак, признава дека неговите соседи се значително постари од него.

„Веројатно сум најмладиот тука, и тоа со разлика од 30-40 години. Сите се пензионери, прекрасни луѓе“, рече тој.

Иако живее во камп-парк, неговото секојдневие не е многу поразлично.

„Имам огниште пред приколката и понекогаш го користам, но најчесто правам исто што би правел дома – лежам, гледам содржиа на Нетфликс и се одмарам“, додаде Хенкс.

ФОТО | Том Хенкс жртва на измама: Кружи бизарно видео направено со вештачка интелигенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот