ФОТО | Том Хенкс жртва на измама: Кружи бизарно видео направено со вештачка интелигенција

Том Хенкс / Фото: EPA

Американскиот актер Том Хенкс објави дека е жртва на вештачката интелигенција. Имено, вештачки создадениот лик на актерот стана заштитно лице на рекламна кампања.

„Бидете внимателни. Кружи видео со кое се промовира некаков стоматолишки план со моја вештачки направена верзија. Јас немам никаква врска со тоа“, напиша Хенкс на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Том Хенкс

Актерот и претходно предупреди за вештачката интелигенција.

Во една прилика, во подкастот на Адам Бакстон, тој зборуваше за филмот „The Polar Express“, за време на чие снимање биле складирани големи количини податоци за самите актери, поточно за нивниот изглед, во компјутери.

„Го предвидовме ова. Видовме дека постои можност тие нули и единици во компјутерот да станат лице и фигура. Сега само порасна и сега го гледаме насекаде“, рекол актерот.

Тој верува дека употребата на вештачка интелигенција ќе стане голема точка во преговорите за филмови и серии.

„Денес секој може да се рекреира на која било возраст преку вештачка интелигенција. Утре може да ме удри автобус и тоа е тоа, но моите изведби можат да траат засекогаш“, заклучил Хенкс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот