Синот на Хозе Антонио Рејес го потпиша првиот професионален договор со Реал Мадрид

Фото: Real Madrid CF

Хозе Антонио Рејес Лопез, 16-годишниот син на легендарниот Хозе Антонио Рејес стави потпис на првиот договор со Реал Мадрид.

Пред само неколку дена тој го прослави својот 16. роденден, а веќе може да се пофали со договр со „кралевите“. Синот наРејес во школата на Реал Мадрид пристигна како 11-годишник, недолго откако неговиот татко во сообраќајна несреќа го загуби животот.

„Ова е посебен момент за мене, го потпишав првиот професионален договор со Реал Мадрид, сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата која ја има во мене. Ќе продолжам да го давам максимумот за да стигнам најдалеку што можам“, изјави младиот Рејес.

Легендарниот Рејес имаше одлична кариера носејќи ги дресот на Севиља од каде што премина во Арсенал и беше дел од „непобедливите“ во сезоната 2003/2004. Од Арсенал, Рејес направи трансфер во Реал Мадрид каде што ја освои шампионската титула во сезоната 2006/2007, еден период настапуваше и за Атлетико.

Животот Рејес го загуби во 2019 година во сообраќајна несреќа откако поради голема брзина изгуби контрола над своето возило. Подоцна истрагата покажа дека до несреќата дошло поради дефект на автомобилот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот