Дарен Фергусон/Peterborough United

Синот на Фергусон седнува на клупата на поранешниот шампион кој испадна во трета лига?

Дарен Фергусон, синот на легендарниот Сер Алекс Фергусон, би можел повторно да се врати на тренерската сцена, откако неговото име почна да се поврзува со клупата на Лестер сити.

Фергусон во изминатите години работеше претежно во пониските англиски лиги, а најголем белег остави во Питерборо Јунајтед, клуб кој моментално настапува во Лига 1.

Сепак, од октомври 2025 година е без ангажман, откако доби отказ токму од Питерборо. И покрај тоа, според англиските медиуми, управата на Лестер сериозно размислува за негово назначување и веќе води разговори со него.

Дел од навивачите на клубот не се воодушевени од оваа можност и веќе јавно го изразија своето незадоволство, но раководството очигледно не се откажува од идејата да му ја довери екипата.

Фергусон, наводно, е подготвен да го прифати предизвикот, особено ако се реализира очекуваното заминување на Гери Ровет, кој беше донесен како привремено решение во обид да го стабилизира тимот.

Зад Лестер е катастрофална сезона, откако клубот не успеа да избори опстанок и доживеа пад во Лига 1, што претставува еден од најголемите неуспеси во поновата клупска историја.

Хаос во Реал Мадрид: Валверде се степал со Чуамени и завршил во болница

ВИДЕО | За идентична ситуација како вчера во Минхен, судија досуди пенал во Португалија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот