Валверде и Мбапе/ EPA/RONALD WITTEK

Хаос во Реал Мадрид: Валверде се степал со Чуамени и завршил во болница

Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид станува сè понапната пред големото дерби со Барселона, а шпанските медиуми пишуваат за нов сериозен конфликт меѓу Федерико Валверде и Орелијан Чуамени.

Според информациите на „Марка“, двајцата фудбалери повторно влегле во жестока расправија која прераснала во физичка пресметка, поради што морале да интервенираат и нивни соиграчи за да спречат поголем инцидент.

Медиумите во Шпанија тврдат дека ситуацијата била далеку посериозна од претходниот конфликт меѓу двајцата и дека по инцидентот Валверде завршил во болница поради повреда која барала лекарска интервенција.

Целиот случај предизвикал вистински аларм во клубот, па веднаш по случувањата бил организиран кризен состанок во тренинг-центарот на „кралскиот клуб“. Според извештаите, ниту еден играч не смеел да го напушти комплексот додека траел разговорот, а раководството на Реал сериозно размислува и за дисциплински мерки.

Дополнителен притисок за мадридскиот гигант претставува и фактот што викендов го очекува ново „Ел Класико“, натпревар во кој Барселона може и математички да ја завери шампионската титула во Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот