Синот на Аки Рахимовски откри по што ќе го памети својот татко: Овие работи се незаборавни…
Ненадејната смрт на Аки Рахимовски гo растажи целиот Балкан, а за смртта на својот татко проговори и неговиот син Кики Рахимовски.
Препорачано
На комеморацијата што се одржа во Загреб, членовите на семејството, пријателите и колегите се простија од својот сакан Аки.
Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст
Заедничките концерти ќе ги памети и синот на Аки, Кристијан Рахимовски Кики.
„Тие работи се незаборавни за мене и ќе ги чувам како и споменот на татко ми поради сите луѓе кои го сакаа и сета таа љубов што ни ја даваше сите овие години. Тоа е нешто што ми дава една силна порака, лично мене, а се надевам и на другите луѓе“, изјави Кики за „Ин Магазин“.
Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст
За Аки зборуваше и неговиот колега од бендот и голем пријател Хусеин Хасанефендиќ Хус.
„Тешко е да се прифати, тоа беше толку ненадејно иако имав некои претчувства бидејќи Аки не беше човек кој премногу се грижи за себеси. Животот едноставно го гледаше како полигон за испробување брзи возила. Никогаш не штедеше, никогаш не знаеше да ја рационализира и дистрибуира енергијата што ја имаше“, изјави Хусеин Хасанефендиќ Хус.
И клавијатуристот на „Парни ваљак“ Берислав Блажевиќ Беро се присети на една интересна изјава на Аки.
„Се сеќавам кога еднаш рече дека би било сосема кул да свириме во бенд со Хендрикс и Џенис таму некаде горе… еве, се надевам дека неговата желба се исполни сега“, се сеќава Беро.
Улица во централното градско подрачје ќе биде именувана по Аки Рахимовски
Рахимовски беше погребан во четвртокот, на 27 јануари, во Алејата на великаните во Загреб. Официјалната веб-страница на „Парни ваљак“ целосно го промени својот изглед, па сите посетители ги пречекува фотографијата на Аки од еден од нивните настапи, а по неколку секунди корисниците се пренасочуваат кон известувањето за смртта на познатиот музичар кој почина на сабота 22 јануари.


