Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

Аки Рахимовски/Фејсбук
Аки Рахимовски/Фејсбук

Пејачот на култната рок група „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски почина денес на 67 години, потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки.

На официјалниот фејсбук профил на групата „Парни Ваљак“ веќе се појави и фотографија од Аки, со последен  поздрав со стиховите:

“Za malo nježnosti
na sve ću pristati
za malo nježnosti
da mogu zaspati”

Менаџерот даде изјава:

„Му се слоши утринава и веднаш беше однесен во болница во Ново Место. Пред еден час ми се јавија дека починал, но уште не ја знаеме причината за смртта – изјави Осредечки за медиумите.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”. Toj беше еден од омилените музички појави во поранешните југословенски републики, а со децении беше присутен на рок сцената. Имаше дуети и со нашите домашни ѕвезди, како Калиопи и Тоше Проески.

Вечна му слава!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот