Фото: EPA/CHEMA MOYA

Синер во четвртфиналето на мастерсот во Мадрид

Јаник Синер денеска се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид, Шпанија, откако го победи 23. играч во светот, Британецот Камерон Нори, по два сета, со 6:2, 7:5. Светскиот број еден победи по 87 минути.

Италијанскиот тенисер направи два брејка во првиот сет и поведе во мечот. Синер направи брејк на Нори во петтиот гем и водеше со 3:2, а Британецот веднаш го врати брејкот во следниот гем и дојде до израмнување.

Тенисерите потоа добиваа гемови на своите сервиси до 11. гем, кога Синер направи уште еден брејк, што му беше доволно да го освои вториот сет и да запише триумф.

Италијанецот во следната фаза ќе игра против победникот од дуелот меѓу Шпанецот Рафаел Ходар и чешкиот тенисер Вит Коприва во четвртфиналето.

Артур Фис е исто така во четвртфиналето, откако го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечеверија со 6:3, 6:4. Следен ривал на Французинот ќе биде подобриот од мечот меѓу Италијанецот Лоренцо Муцети и Јиржи Лехечка од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот