Синер слави во големото финале во Монте Карло: Италијанецот го победи Алкараз во два сета
Италијанскиот тенисер Јаник Синер денеска ја освои титулата на Мастерс турнирот во Монте Карло откако го победи Карлос Алкараз со 2:0 во сетови (7-6, 6-3) во финалето, во меч полн со пресврти и голема борба.
Препорачано
Самиот прв сет донесе неизвесност и голем број грешки на двете страни, дури 44 неизнудени грешки. Шпанецот имаше свои шанси, беше блиску до брејк во последниот сет, но не ги искористи, што Синер го казни. Сетот отиде во тај-брејк, каде Италијанецот беше посмирен и славеше со 7:5, а крајот беше обележан со двојна грешка од шпанскиот ас.
Во вториот сет, Алкараз играше поагресивно и стигна до водство од 3:1, но Синер брзо одговори и го врати брејкот за 3:3. Тоа беше пресвртницата на мечот – Италијанецот потоа го подигна нивото на играта, ја презеде контролата и со уште еден брејк во осмиот гем поведе со 5:3.
Со сигурен сервис во следниот гем, Италијанецот ја потврди својата доминација и го приведе дуелот кон крај со резултат од 6:3, со што оствари голема победа и трофеј во Монте Карло.
Италијанецот со тоа ја потврди својата врвна форма, како и сигурно враќање на првото место на АТП ранг-листата, додека Алкараз, и покрај добриот отпор, остана без одговор во клучните моменти од финалниот меч.
FORZA CAMPIONE 🇮🇹🧡@janniksin is a Rolex Monte-Carlo Masters winner for the first time defeating 2025 champion Alcaraz 7-6 6-3#RolexMonteCarloMasters pic.twitter.com/SILHhnu6cw
— Rolex Monte-Carlo Masters (@ROLEXMCMASTERS) April 12, 2026


