Синдром на забрзано стареење: Тифани старее осумпати побрзо од другите

Facebook

Лекарите велат дека Тифани е „медицинско чудо“, додека таа ја припишува заслугата на јогата што ѝ помогнала да продолжи да го живее животот. Тифани, која има свој бизнис, вели дека има многу среќа што сè уште е тука и дека постојано размислува дека секој ден ѝ е последен.

Братот на Тифани, Чад, починал од компликации поврзани со прогерија во 2012 година на 39-годишна возраст. Во моментов живеат само 179 луѓе во светот со прогерија, во 53 земји. Тифани не само што е најстарата жива личност со оваа состојба, туку се смета и за најстариот преживеан во историјата.

Отсекогаш сум била многу активна, возам велосипед, се занимавам со јога. Мислам дека сте она што го јадете, па затоа се хранам здраво – велиТифани.

На Тифани ѝ е дијагностицирана прогерија во доцните дваесетти години, што значи дека поминала половина од животот со овој синдром целосно несвесна. Таа и нејзиниот брат ја добиле дијагнозата пред 15 години, а состојбата ја наследиле од нивната мајка.

Facebook

Прогерија ја предизвикува мутациски ген што децата го наследуваат од родителите. Децата родени со него обично покажуваат симптоми од втората година и ретко остануваат живи по 20-тата година од животот. Чад, кој починал пред осум години, и Тифани се единствени бидејќи се најстарите случаи забележани досега.

Освен забрзаното стареење, симптомите на Тифани вклучуваат и низок раст. Висока е само 134 см.

Исто така, има и потесно лице, тесна долна вилица и тенки усни.

Растејќи сфатив дека се развивам поинаку од другите. Тоа не влијаеше на мене, бидејќи можев да ги правам работите што ги сакав. Кога косата почна да ми опаѓа и ги изгубив забите во раните дваесетти, мојот лекар се загрижи за мене. Сепак, за прогерија дознавме дури кога брат ми сакаше да добие дете, па отиде на генетско тестирање – реклаТифани, која во меѓувреме се омажила и се развела.

Facebook

Дури и нејзиниот лекар бил шокиран, бидејќи децата со прогерија обично умираат од срцев или од мозочен удар на тинејџерска возраст.

За разлика од повеќето што страдаат од екстремни кардиоваскуларни и проблеми со коските, Тифани, која носи протези, сепак може да живее сама без сериозни дополнителни здравствени проблеми.

Неодамна почнала да го зема и новиот лек, за кој се смета дека го забавува процесот на стареење и е многу близу до одобрување како прв лек против прогерија, пишува „Метро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот