Синдикатот на фудбалери на Македонија бара прекин на домашното првенство

фото: фејсбук/вардар

Синдикатот на фудбалери на Македонија побара од ФФМ на две недели да ги суспендира сите фудбалски активности се додека траат строгите мерки за заштита од епидемијата на коронавирусот кои ги донесе Владата.

Соопштението на Синдикатот фудбалери на Македонија ви го пренесуваме во целост:

„Синдикат на фудбалери на Македонија упатува АПЕЛ до цела фудбалска јавност, со препорака до Фудбалска Федерација на Македонија да сите закажани официјални и ревијални натпревари во наредните 14 дена во нашата држава се ОДЛОЖАТ. Секако овој наш апел произлегува од влошената состојба со COVID 19 вирусот во нашата држава.

Непочитувањето на оваа наша препорака ќе доведе до можни несакани последици, кои што непотребно ќе ги стави во ризик сите фудбалери и фудбалски работници, како и пошироката јавност. Исто така апелираме до сите клубови во нашата држава да ги превземат сите мерки на претпазливост при одржувањето на тренинзите.

Да се следат сите напатствија дадени од надлежните здравствени институции и организации, а доколку истите се прекршат ќе бидеме приморани да реагираме соодветно на сторениот прекршок пред надлежните институции.

Се надеваме дека во наредниот период оваа состојба ќе се промени на подобро како сите би можеле повторно непречено да продолжиме со секојдневните активности“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот