Симовски со 19 ракометарки во мундијалскиот бараж – Слободен печат
РакометСпорт

Симовски со 19 ракометарки во мундијалскиот бараж

Селекторот на македонската женска ракометна сениорска репрезентација, Симе Симовски го објави скратениот список за ЕХФ неделата.

Во склоп на ЕХФ неделата, покрај тренинзите, сениорската женска репрезентација двете средби од баражот за пласман на СП 2019 во Јапонија против репрезентацијата на Словенија ќе ги одигра на 02 и 06 јуни 2019.

Претходно во поширокиот список за мундијалскиот бараж против словенечката селекција се наоѓаа вкупно 27 ракометарки.

Првата средба на 02 јуни ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ (слободен влез), додека реваншот на 06 јуни ќе се одигра во Словенија.

Познати се и судиите кои ќе делат правда, во Скопје ќе арбитри се Чесите Лукаш Фрисер и Радослас Кавулиц, додека во Целје ќе судат Питер Бруновски и Владимир Чанда од Словачка.

Составот на македонската женска сениорска ракометна репрезентација:

1. ПЕТКОВСКА ДРАГАНА, ДАНСКА
2. СЕРАФИМОВА МАТЕЈА, ЧЕШКА
3. АНТИЌ НАТАША, ШВЕДСКА
4. САЗДОВСКА ЈОВАНА, ГЕРМАНИЈА
5. НИКОЛОВСКА СИМОНА, ГЕРМАНИЈА
6. РИСТОВСКА САРА, СЛОВЕНИЈА
7. НОЛЕВСКА НАТАША, ДАНСКА
8. ШТЕРИОВА МАРИЈА, РОМАНИЈА
9. ЛИВРИНИЌ ЕЛЕНА, РОМАНИЈА
10. ЃОРГИЈЕВСКА ДУШИЦА, ТУРЦИЈА
11. БОРИЗОВСКА АЛЕКСАНДРА, ЖРК КУМАНОВО
12. ЈАНЕВСКА МОНИКА, ТУРЦИЈА
13. СТОЈАНОВСКА СИМОНА, СРБИЈА
14. ВЕЛИЧКОВСКА ГАБРИЕЛА, ФРАНЦИЈА
15. ЃОРЃИЈЕВСКА ЕЛЕНА, РОМАНИЈА
16. ГИЧЕВСКА ЛЕОНИДА, ЖРК МЕТАЛУРГ
17. ЈОВАНОВСКА ДАЈАНА, ШВЕДСКА
18. ГАКИДОВА ИВАНА, ФРАНЦИЈА
19. НИКОЛИЌ МАРИЈА, ГРЦИЈА

Собирот е закажан за 27 мај (понеделник) во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје со почеток во 09:30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close