Силни зборови од сопственикот на Далас: Дончиќ може да го надмине Новицки

твитер

Мајк Кјубан, сопственикот на Далас маверикс, е убеден дека сегашната прва увезда на екипата ќе ги надмине успесите на Дирк Новицки.

Дали Лука може да го надмине Дирк и да биде подобар од него? Да, бидејќи играта многу се смени во однос на времето кога Новицки дојде во НБА. Убеден сум дека Лука може да биде МВП и дека ќе биде шампион. Се надевам на такво сценарио, а знам дека и Дирк го посакува истото. Тие двајца се добри пријатели – изјави Кубан.

Новицки и Дончиќ заеднпо одиграа една сезона, по што Германецот се пензионира, додека Словенецот во само две сезони ги воодушеви фановите во НБА, но и експертите.

Веднаш стана лидер на Далас, во премиерната сезона во НБА беше избран за дебитант на годината, додека оваа е еден од фаворитите за МВП признанието. Дончиќ сеознава просечно постигнува по 28.7 поени, 8.7 асистенции и 9.3 скокови.

Знаевме дека Лука ќе биде добар, затоа и го избравме на драфтот. Сепак, не очекувавме дека ќе биде толку добар за вака брзо време. Мислевме дека ќе му требаат 2-3 години додека да се навикне на ритамот и стилот на игра во НБА лигата – додава Кјубан.

Сезоната во НБА лигата е суспендирана поради пандемијата на коронавирусот и засега не се знае кога ќе продолжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот