Силјановска Давкова за Законот за попис: Кога парламентарци не сакаат да послушаат колеги, тогаш ќе го послушаат народот

Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има полн легитимитет да собира потписи против одреден закон, и како што додаде, во овој случај лош закон за попис, бидејќи и начинот на неговото донесување и реализација се лоши. Според неа за вакви прашања мора да има консензус, односно сите политички партии да дадат свои мислења и забелешки, но власта немала слух за барањата на другите политички партии кои не се дел од парламентарното мнозинство.

– ВМРО-ДПМНЕ поднесе многу амандмани во насока да се поправи законот за попис, односно да бидат имплементирани голем број на забелешки кои што ќе придонесеа за многу подобар закон за попис, но парламентарното мнозинство не сакаше да соработува и своеглаво сакаше да истурка таков закон. Кога парламентарците не сакаат да послушаат други колеги парламентарци, тогаш ќе мора да го послушаат народот. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ отпочна со собирање потписи, кои засега се навистина во импозантен број, вели Силјановска Давкова.

Република Македонија е категоризирана како земја во која што владее хибриден режим и токму затоа голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ не беа прифатени, вели Давкова.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предложи да се набават апарати за фингерпринт, со што пописот би добил многу повеќе на легитимитет и релевантност, но власта не е за таков чекор, бидејќи со користењето на такви апарати нема да може да се фингираат бројките како што власта ги замислила.

– Пописот мора да биде статистичка операција која што ќе обезбеди точни информации и бројки, бидејќи врз тие бројки се гради општеството и се сноси општествената грижа. За еден човек да биде попишан, мора да биде секојдневно тука, тоа значи да живее тука и да не е човек кој мигрира и во Република Македонија не престојува предолго време. Тие луѓе не би требало да се попишуваат, бидејќи така голем број на села и градови ќе имаат огромни населенија, а всушност се празни, заврши Силјановска Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот