Силен „гипс“ во Ереван, победничкиот гол на Мишковски! (ВИДЕО)

фото: facebook.com/kfrenova/

Ренова после седум години повторно е во второто квалификациско коло на фудбалската Лига Европа.

Популарните „гипсари“ денеска во првата рунда на теренот во Ерменија со 1:0 го елиминираа составот на Алашкерт.

Стрелец на единствениот гол беше одбранбениот играч Ненад Мишковски во 58 минута од средбата после асистенцијата на Арѓент Гафури.

Веднаш после натпреварот следуваше големото славје и победничкото селфи од Ереван.

Воедно на видео записот можете да го погледнете голот на Мишковски за триумф на Ренова.

Успешни Шкендија и Ренова во Лига Европа, пораз на Шкупи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот