Сикошек Пелко: Бевме уморни после Порто, но најважни се бодовите!

seha-liga.com

Вардарци ја забележаа и втората победа, откако во СЦ „Јане Сандански“ ја победија екипата на Нексе во рамките од СЕХА Газпром лигата.

Домен Сикошек Пелко е еден од оние играчи кои што ја чекаа шансата од клупата и досега ја користи на најдобар можен начин. Имаше два голови (2/2) против хрватскиот претставник.

На видео записот можете да ги погледнете најинтересни моменти од натпреварот.

– Во неделата игравме еден многу силен натпревар против Порто. Тоа се виде денеска и бевме малку уморни, но на крајот триумфиравме и тоа е најважно. Нови бодови и одиме напред. Сега одиме во Украина на дуел од Лигата на шампионите против Мотор Запорожје, мораме да им се реваншираме за поразот во СЕХА и да покажеме дека сме подобри, да ги донесеме бодовите дома и да го задржиме првото место во групата – рече словенечкиот пивот на Вардар, Сикошек Пелко.

Најефикасен играч на натпреварот беше Тимур Дибиров кој успеа да постигне девет голови, од кои еден беше избран за најубав во победата против Нексе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот