Сијарто негира дека е руски шпион, вели дека не ги издавал европските планови во Москва

„Како и секогаш, лажни вести“, напиша унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на социјалната мрежа X., откако „Вашингтон пост“ објави дека тој со години ѝ доставувал на Русија доверливи информации од Европската Унија.

„Лажат за да ја поддржат партијата Тиса да формира марионетска влада во Унгарија за војната против Украина“, додаде тој, алудирајќи на главната опозициска непосредно пред парламентарните избори на 12 април.

Сијарто рече дека тие се дел од „украинската пропаганда“ насочена кон поддршка на опозицијата и влијание врз резултатот од изборите.

Во статијата во „Вашингтон пост“, цитирана од неколку европски медиуми, се наведува дека Сијарто редовно го информирал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за затворени дискусии за време на состаноците на Советот на ЕУ.

Неименуван европски функционер за безбедност рекол дека „речиси на секој состанок на ЕУ со години на масата седи Москва“, поради што е загрижен за опасноста од доверба во блокот.

Унгарскиот шеф на дипломатијата со години ѝ давал на Русија доверливи информации од состаноците на ЕУ, објави „Вашингтон пост“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот