Си го лажирала киднапирањето, зела откуп од сопругот, па со парите играла бинго

Играта Бинго/Фото EPA-EFE/PETER POWELL

Жена во Шпанија го лажирала сопственото киднапирање и искористила дел од откупот од 6.000 евра што го платил нејзиниот сопруг, за да игра бинго.  

Неименувана 47-годишна жена ја извршила оваа измама додека нејзиниот сопруг бил во болница. Мажот бил преплашен и мислел дека неговата сопруга е во смртна опасност.  

Така, на 4 октомври повикал полиција и го пријавил наводното киднапирање. 

Ја нашле како игра бинго  

Во меѓувреме, сопругата му праќала пораки, во кои пишувало дека е киднапирана, заедно со инструкции како да го плати откупот, пишува британски Мирор.  

Полицијата ангажирала специјална единица која се занимава со киднапирања и која набрзо дознала дека се работи за лажна закана, особено благодарение на снимка на која се гледа како 47-годишната жена вади пари од купчето за откупот и со нив оди оди да игра бинго.  

Полицајците ја пронашле во казино во Бадалона, во близина на Барселона и ја уапсиле среде игра. Таа е пуштена на слобода под кауција додека трае истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот