СИ ЏИНПИНГ не се шегува: Кинеските новинари на ТЕСТ за тоа колку го познаваат ЛИДЕРОТ

фото EPA-EFE/PARKER SONG /

Кинеските новинари набрзо ќе мораат да полагаат тест на кој ќе биде оценувано нивното разбирање и познавање на „Мислата на Си Џинпинг“, социјалистички лекции воспоставени од лидерот на земјата, објави „Гардијан“.

Регулаторното тело за медиуми во Кина испрати известување на повеќе од десетина државни медиуми во Пекинг изминатиот месец. Известувањето дава упатства за тоа како вработените треба да се подготват и како да се тестираат на апликацијата која беше издадена претходно оваа година, за да бидат обновени нивните прес-картички.

Многумина веруваат дека истото ќе важи и за сите други кинески репортери и новинари ширум земјата. Новинари од три медиумски организации, од кои две се надвор од Пекинг, му соопштија на „Гардијан“ дека нивните редакции примиле неформални известувања да се регистрираат на апликацијата.

– Не верувам дека некој од вработените би можел да го избегне ова тестирање – изјави еден репортер од источната провинција Шандонг, кој за британскиот медиум истакнал дека нема дозвола да зборува за оваа тема.

Тестот ќе биде спроведен на почетокот на октомври и ќе биде поделен на пет дела, вклучувајќи два дела за учењата на Си Џинпинг околу социјализмот во новата ера и важните идеи на лидерот за пропагандата – информираше „Медиа реформ“.

Според нив, тестот за новинарите не се очекува да биде тежок. Медиумските работници ќе можат еднаш да преполагаат и не се сигурни дали секогаш кога ќе треба да ги обноват своите прес-картички ќе мораат да полагаат. Обновувањето на картичките во Кина се случува на секои пет до шест години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот