Шведскиот премиер Ловен најави дека ќе поднесе оставка

Шведскиот премиер Стефан Ловен денеска изјави дека планира во ноември да поднесе оставка на функцијата, пренесе ДПА, повикувајќи се на  шведските медиуми.

Својата намера да се повлече од функцијата лидер на Шведската социјалдемократска партија, како и од премиерската функција, Ловек ќе ја соопшти за време на годишната конференција на неговата партија што ќе се оддржи есенва.

-Одлуката беше долго време разгледувана, рече тој за време на говорот во Акерсберг, место во близина на Стокхолм, признавајќи дека на партијата и треба ново раководство и нова енергија.

Ловен (64) веќе еднаш поднесе оставка во јуни, како резултат на гласањето недоверба на владата, но тоа беше одлука од само неколку дена, бидејќи потоа, тој повторно беше номиниран за премиер и ги доби потребните гласови во шведскиот Парламент, потсетува  ДПА.

Кризата во јуни беше предизвикана од спорот со партијата левица за контрола на кириите за новите згради.

Ловен во моментов ја предводи малцинска влада, што е трета на чие чело е тој. Првата ја предводеше по општите избори во 2014 година, а втората по неколкумесечни политички расправии по изборите во 2018 година.

Следните општи избори во Шведска треба да се одржат во септември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот