Фото: Принтскрин / Инстаграм

Шведски музички фестивал дава бесплатни билети ако се регистрирате како донор на органи

Организаторите на популарниот шведски музички фестивал „Веј аут Вест“ во Гетеборг започнаа необична кампања: секој што ќе се регистрира во националниот регистар на донори на органи може да добие билет за фестивалот, кој е веќе распродаден, пренесуваат странските медиуми.

Акцијата се нарекува „пропусница-бубрег“ (The kidney pass), а целта е да се подигне свеста за важноста на донирањето органи, имајќи предвид дека бројот на апликации за донација во Шведска е намален за 30 отсто во последните неколку години.

На дводневниот фестивал „Веј аут Вест“, кој започнува утре, ќе учествуваат: Иги Поп, Пет Шоп Бојс, Чарли XCX и многу други.

Иако потегот изгледа необичен, „Веј аут Вест“ не е првиот настан што ја користи популарната култура за промоција на хуманитарни цели. Слични иницијативи постоеја и порано, но тие беа поврзани со добивање бесплатни билети за концерти, кина или спортски настани како награда за дарување крв.

Сепак, поканата за регистрација за донирање органи во замена за билет за фестивал се смета за единствена практика во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот