Шведска ја доби првата јавна 5Г мрежа

Илустративна фотографија / Unsplash-Luis Villasmil

Мрежата на новата генерација овозможува брзина на интернет пребарување од еден гигабајт по секунда, што значи дека е четири пати по брза од сегашната 4Г мрежа.

Шведска ја доби првата јавна мрежа од новата генерација 5Г, објави групата Tele2 претркувајќи ги во „последните метри“ фирмите конкуренти Телиј и Ериксон, пренесуваат шведските медиуми.

Потрошувачите во Стокхолм од вчера може да пребаруваат на интернет со 5Г брзина додека граѓаните на Гетеборг и Малме ќе мора да причекаат до 24 овој јуни. После оваа дата мрежата ќе се шири во остатокот од Шведска.

Поголем дел од смарт телефоните се уште немаат капацитет за 5Г брзина. Мрежата на новата генерација овозможува брзина на интернет пребарување од еден гигабајт по секунда, што значи дека е четири пати по брза од сегашната 4Г мрежа, потсетува Tele2.

Фирмата ја активирала 5Г мрежата ден пред своите конкуренти Телиј и Ериксон кои тој чин го планирале за денеска пишува Dagens Nyheter.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот