Швајцарскиот франк се зголеми во однос на еврото

На оваа валутна промена влијание имаше американскиот претседател Доналд Трамп, кога зазема уште потврд став во врска со трговијата на другите земји со Кина, поради што инвеститорите ги се насочија кон инвестиции во посигурни валути.

Швајцарскиот франк се зголеми во однос на еврото за повеќе од половина отсто, на 1,1120 франци, највисоко ниво од јули 2017 година, за да потоа се „лизна“ и да го затвори тргувањето со добивка од 0,2 проценти на дневна основа.

Еврото беше малку посилено од претходниот ден, на 1,1185 долари, но инвеститорите се претпазливи за изгледите за идното движење на еврото кое се должи на податоците за намалување на фабричката активност во еврозоната во четвртиот месец по ред.

Вредноста на доларот падна по приносот на скалата на 10-годишните американски обврзници кои забележаа минимум 2,121 проценти во понеделникот, што е најниско ниво од септември 2017 година.

Според кошницата на шест големи валути, индексот на доларот малку ослабе на 97,71 поени, иако се уште е во плус 1,6 отсто на годишно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот