Швајцарски суд ќе го разгледа случајот против газдата на ПСЖ

Фото: psg.fr

Рочиштето ќе се одржи на 14 септември. Покрај Валке и Ал-Келаифи, пред судот ќе се појави уште еден обвинет, чие име не се споменува.

Швајцарски суд одреди датум за случајот против претседателот на ПСЖ и на „Беин Медиа груп” – Насер Ал-Келаифи и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке, пренесуваат француските медиуми.

Рочиштето ќе се одржи на 14 септември. Покрај Валке и Ал-Келаифи, пред судот ќе се појави уште еден обвинет, чие име не се споменува.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ургирал да се повлече истрага против него

Двајцата се осомничени за измама, фалсификување, криминална активност и поткуп на лица. Според истрагата, Ал-Келаифи го поткупил Валке за да ги откупи правата за емитување на натпревари од светските првенства. Според информациите, Ал-Келаифи му дал на Валке вила во Сардинија како мито.

Валке, кој е генерален секретар на ФИФА од 2007 година, беше разрешен од функцијата на 9 јануари 2018 година, а еден месец подоцна, по одлука на Арбитражниот комитет на етичкиот комитет на ФИФА, тој беше отстранет од фудбалот за 12 години.

На 5 јули 2018 година, Апелациониот одбор на ФИФА го намали периодот на дисквалификација на 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот