Швајцарија ќе одвои 272 милиони долари за да им помогне на земјите во развој во борбата против пандемијата

Долари/ Фото Архива на СП

Швајцарија ќе одвои 300 милиони швајцарски франци (272 милиони евра) за да им помогне на земјите во развој да се борат против пандемијата преку иницијативата АКТ Акселерејтр (ACT Accelerator), соопшти федералната влада

Иницијативата, покрената пред само една година од Г20 и Европската комисија, има двојна цел: да го подобри пристапот до вакцини, тестови и лекови во земјите во развој и да ги зајакне локалните здравствени системи, се вели во соопштението на Федералниот совет.

АКТ Акселерејтр вклучува различни учесници, меѓу кои Светската здравствена организација, Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската банка, соопшти агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот