Швајцарски политичари бараат вакцинираните да имаат приоритет во болниците

вакцина
Вакцинирање / Фото: Профимедиа

 Швајцарската пратеничка Рут Хумбел повика на мерки за спречување пренатрупаност во болниците и смета дека треба да се воведе задолжителна вакцинација за лицата постари од 65 години, а луѓето кои не сакаат да се вакцинираат да се откажат од лекувањето на интензивна нега.

„Мораме да спречиме локдауни. Како што стојат работите, мал дел од невакцинираните не принудуваат во оваа ситуација посебно да ги третираме вакцинираните и излекуваните. Тие се соочуваат со масовни ограничувања на нивните слободи со цел да се спречи преоптоварувањето на здравствената заштита предизвикано од невакцинираните”, објасни таа за јавниот сервис СРФ.

Пратеникот на ГЛП Мартин Бојмле го поддржува ова барање и ги доведува во прашање сегашните критериуми за тријажа.

„Ги достигнуваме границите на системот поради луѓето кои ја одбиваат вакцината и одеднаш вакцинираните во системот на тријажа се ставаат на дното на листата”, рече тој.

Според него, младите невакцинирани поради поголеми шанси за преживување повеќе не треба да имаат предност.

Пратеничката од СВП, Верена Херцог го поддржува воведувањето задолжителна вакцинација, но не само за оние над 65 години, туку и за медицинските работници.

Таа смета дека и невакцинираните треба да чекаат ред во болница, дека вакцинираните мора да имаат приоритет, особено кога се примаат пациенти на кои им е потребно лекување.

Швајцарската академија за медицински науки го отфрла статусот на вакцинација како критериум за тријажа, додавајќи дека тоа е спротивно на човековите права

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот