Шукер: Четири сценарија за ЕП? Јас сум само за првата опција!

Фото: EPA/ANTONIO BAT

Покрај македонската сениорска репрезентација, и Хрватите ќе учествуваат на наредното Европско првенство. „Коцкестите“ се наоѓаат во групата „Д“ заедно со Англија, Шкотска и Чешка, ќе ги играат натпреварите во Лондон и Глазгов.

Нивниот најдобар стрелец во историјата на хрватската А селекција и моментно претседател на тамошната фудбалска федерација, Давор Шукер се надева дека континенталниот собир ќе се одржи со навивачи на трибините, како што беше до сега беше вообичаено.

Во изминатиот период поради ситуацијата со ковид-19 се објавија четири сценарија околу ЕП, а според најавите конечната одлука ќе биде донесена на 5 март 2021 година.

Првото сценарио предвидува да се одржи во 12 градови (11 држави) во периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година. За да се реализира ова сценарио, треба под целосна контрола да биде ситуацијата со коронавирусот и така натпреварите би се играле пред публика.

Потоа, второто сценарио предвидува да бидат пополнети 50 отсто од капацитетите на стадионите, а третото сценарио е дека бидат исполнети 30 отсто од стадионите. Четвртото сценарио е најлошо, можеби кое никој не го посакува, поради непредвидливоста на ковид-19, да се играат мечевите без присуство на публика.

– Ние стоиме зад одлуката на УЕФА да го одржи шампионатот во 12 градови, како што беше најавено, иако се разгледуваат и други можности. Јас сум за првата опција, не размислувам за другите. Поради навивачите се игра фудбалот, а од нив живее и фудбалската економија. Фудбалот денес губи многу пари поради отсуството на навивачите, во наредниот период ќе се разговара на таа тема – вели Шукер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот