Што треба да знаете кога нарачувате мексиканска храна: Една состојка, а девет различни јадења

Тортилјата е навистина основата на мексиканската кујна, а начинот на кој таа се полни, витка и термички се обработува многу се разликува. Токму од тоа зависи и јадењето што го нарачувате.

Дали некогаш сте седнале во мексикански ресторан или сте се обиделе да нарачате мексиканска храна од испорака, но сте останале збунети од количината на понудата? Иако повеќето јадења се служат во тортилја, сè уште не ви е јасна разликата меѓу енчилада и чимичанга, бурито и тако?
Тортилјата е навистина основата на мексиканската кујна, а начинот на кој таа се полни, витка и термички се обработува многу се разликува. Токму од тоа зависи и јадењето што го нарачувате.
Еве дел од мексикански јадења со тортилја и како можете да ги разликувате:

Бурито

Пченична тортилја полнета со месо, кашкавал, ориз, грав и друг зеленчук, како и сосови, која се завиткува во облик на ролна околу смесата. Полнењето е видливо дури кога буритото ќе го загризете или кога ќе го пресечете со нож.

Чимичанга

Бурито пржено во многу зејтин, кое потоа се послужува со гвакамоле, салса, кисела павлака или некој друг сос.

Енчилада

Пченкарна тортилја полнета со месо, сирење, зеленчук и со други намирници по желба, која се витка во ролна, а потоа се прекрива со некој прелив, па се пече во рерна.

Флаутас

Пченична тортилја полнета со месна, морска или зеленчукова смеса и сосови, која се витка во форма на флејта, а потоа се пече на тава.

Начос

Пченкарна тортилја исечена во форма на помали триаголници (како чипс) која се пржи додека не стане крцкава, а потоа се прекрива со мелено месо, зеленчук, кашкавал и сосови. Начос најчесто се служи како предјадење.

Такос (тако)

Мала пченкарна или пченична тортилја, која се прекрива со зеленчук, месо, морски плодови, рендан кашкавал и разни сосови, а која потоа се преклопува и се јаде.

Такито

Такито значи мало тако, а уште се нарекува и тако дорадос. Означува мала пченкарна тортилја што се пече во зејтин во форма на школка, а потоа се полни со деликатесни мексикански смеси.

Тостада

Тостирана тортилја или тортилја печена во зејтин, која се служи како прилог на јадењето. За тостада се користат стари и отстоени тортилји кои сѐ уште се добри за јадење, но не се доволно свежи за да се направи бурито или такос.

Кесадилја

Две пченкарни или пченични тортилји поставени една под друга и полнети со рендан кашкавал, а понекогаш и со месо, зеленчук или зачини што се загреваат на тава, а потоа се сечат на триаголници па се јадат со сосови по желба. Кесадилја може да се направи и со само една тортилја, која по полнењето се преклопува на половина и се пече на секоја страна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот