Што се случува во вашето тело ако јадете храна подготвена во микробранова печка

, Image: 44754092, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: Profimedia, Tetra Images

И покрај тоа што многумина „бегаат“ од микробрановите печки заради потенцијалното зрачење и верувањето дека поттикнуваат создавањае тумор во човечкото тело, тие, во реалност, не се толку лоши.

Всушност, користењето микробранова печка е совршено едноставен начин за брзо загревање и подготвување храна. Но, еве што навистина се случува со вашето тело кога јадете оброци подготвени во микробранова печка:

1. Зрачењето нема да ви наштети

Колку сте подалеку од изворот на зрачење (микробранова печка), толку е помала веројатноста да ви наштети. Значи, освен ако не го потпирате лицето на микробранова печка за време на целиот процес на загревање, зрачењето нема да ви наштети. Тука се крие и причината зошто микробрановите печки престануваат да работат веднаш штом ќе ја отворите вратата, бидејќи на тој начин зрачењето веднаш престанува и нема да ви биде нанесена штета.

Покрај тоа, зрачењето што доаѓа од микробранова печка ги подразбира истите електромагнетни бранови на кои сме изложени на дневно ниво. Според Би-би-си, истиот вид на изложеност може да се случи кога печете леб или дури јадете каков било вид на култура што била изложена на сонце.

2. Ќе добиете уште повеќе витамини и минерали

Според Харвард хелт, на микробрановите печки им треба најмалку време (и не им е потребна вода) за подготовка на храната, што значи дека храната ќе задржи повеќе витамини и минерали бидејќи не ги испуштала во водата за време на термичката обработка.

3. Но, сè зависи од видот на храната што ја јадете

Ако јадете само нездрава храна подготвена во микробранова печка и храна што нема некоја хранлива вредност, вашиот оброк сигурно нема да ви ги обезбеди спомнатите дополнителни витамини и минерали. Обично сета замрзната брза храна кре изобилство на додадени шеќери, големи количини на натриум и мноштво хемикалии и конзерванси.

4. Во организмот можете да внесете хемикалии

Сè зависи од тоа во што точно ја загревате храната. Според Би-Би-Си, студиите откриле дека загревањето на пластичните садови или фолии може да го зголеми ризикот од внес на фталати. Наместо тоа, најдобро е храната да ја преместите во керамички или стаклен сад или чинија пред да ја загреете во микробранова печка.

5. Можеби внесувате премногу сол

Пред да јадете оброк подготвен во микробранова печка, погледнете ја неговата хранлива вредност. Повеќето оброци коишто се предвидени за подготвување во микробранова печка се полни со натриум, кој може да послужи како конзерванс и поради кој оброкот може да има „подобар вкус“. Меѓутоа, постојат голем број замрзнати, а здрави оброци по кои можете да посегнете наместо готовите оброци коишто се полни со натриум.

Покрај тоа, ако внесувате повеќе од вообичаената препорачана дневна количина на натриум, ќе имате поголем ризик од зголемување на крвниот притисок, што може да доведе до кардиоваскуларни болести.

6. Можете да се здебелите

Повторно, ова се однесува само ако јадете погрешна храна подготвена во микробранова печка! Фокусирајте се на поздрави алтернативи полни со здрави состојки, пишува „Eat This, Not That.“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот