Што се случува ако го прескокнете четкањето на забите само еден ден?

Фото: Pexels / Marcus Aurelius

Четкањето на забите е исклучително важна хигиенска навика. Стоматолозите велат дека 24 часа е максималниот период за кој можете да ги оставите неизмиени во исклучителни случаи, но последиците по тој еден ден веднаш можете да ги забележите.

За повеќето, четкањето заби е хигиенска навика која се зема здраво за готово, двапати на ден. Сепак, едно истражување открива колку луѓе всушност не го прават тоа.

Додека над две третини од жените ги мијат забите најмалку двапати на ден, само половина од мажите велат дека толку често посегнуваат по четка за заби. Д-р Рона Ескандер, стоматолог за „Сан“ ги објасни последиците од немиење заби само 24 часа. Таа истакна дека максималното време во кое забите треба да се остават неизмиени е 24 часа.

„Надвор од оваа точка, акумулацијата на наслаги станува значајна, зголемувајќи го ризикот од проблеми со забите“, нагласи таа.

Сите забораваме да ги миеме забите одвреме-навреме, и двете ваши „сесии“ за четкање се важни, но според д-р Есхандер, ако треба да изберете, нечеткањето навечер е малку полошо од четкањето наутро.

„За време на спиењето, производството на плунка се намалува, дозволувајќи им на бактериите да се размножуваат побрзо. Миењето заби пред спиење помага да се отстранат честичките од храната и бактериите кои можат да доведат до кариес во текот на ноќта“, вели таа.

Меѓу последиците што може да ги забележите ако не ги измиете забите само еден ден се:

Забната наслага се акумулира во рок од неколку часа

Прескокнувањето на четкањето заби значи дека бактериите во вашата уста се хранат со честички од храна и произведуваат киселина.

„За неколку часа, наслагите почнуваат да се формираат на вашите заби“, вели таа. Наслагата е леплив слој на бактерии што може да доведе до расипување на забите и заболување на непцата“, вели д-р Есхандер.

Со текот на времето може да се формира забен камен – стврдната забна наслага која може да го отстрани само стоматолог. Покрај четкањето, конецот може да помогне да се заштити секој дел од забите од наслаги.

Лош здив

Лошиот здив може да се појави  доколку не користите паста за заби,

„Бактериите во вашата уста ослободуваат миризливи соединенија кога ги разградуваат честичките од храната, предизвикувајќи лош здив“, вели д-р Есхандер.

Стоматологот додава дека одржувањето на добра орална хигиена и хидрираноста може да помогне да се спречи лошиот здив.

Забите може да се обојат истиот ден

Дали сакате да имате бисерно бели заби? Не го прескокнувајте четкањето на забите, бидејќи дамките можат да се создадат за само еден ден.

д-р. Ескандер вели дека доколку не и четкате забите може да се акумулираат дамки од храна, пијалоци и тутун, што доведува до промена на бојата на забите. Дамките од храна и пијалоци може да варираат во зависност од фактори како што се здравјето на забната глеѓ и оралната хигиена.

„Генерално, обојувањето може веднаш да се појави со храна и пијалоци како црвено вино, кафе, чај, бобинки и темни газирани пијалаци“, објаснува таа.

Доколку редовно го прескокнувате четкањето на забите, долгорочно е многу поверојатно заболување на непцата, предупредува стоматологот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот