Што прави денеска: Никола Андоновски, интернационален модел

Фото: Приватна архива/ Филип Пашоски

Никола Андоновски како многу млад, на свои 16 години, влегува во модниот свет и веднаш зачекорува на модните писти носејќи ги ревиите на модните дизјнери кои ги претставуваат своите колекции на Модниот викенд Скопје. Во тој период, модната агенција од Белград – „Фокс моделс“ во соработка со неговата матична агенција „Моделс Ин“ го праќаат на двомесечен договор во Њу Делхи, Индија. Маркантниот Андоновски таму работи за најголемите модни брендови како „Томи Хилфигер“, „Келвин Клајн“, „Адидас“, „Најк“ и го прави својот сигурен чекор во светската мода.

Никола Андоновски Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Андоновски во моментов е во Македонија, но имајќи ги превид неговиот раскошен талент и класична убавина нема ништо да го сопре повторно да ги освои модните центри.

Никола, покрај убавината, го красат исполнителност, одговорност и динамичност, подготвеност секогаш да одговори на задачите, поради што и го заслужува своето место во светскиот моделинг.

Згодниот модел ни долови како изгледа едно негово деноноќие.

Фото: Приватна архива

„Секое утро станувам во 8 часот и прво што правам си подготвувам турско кафе. Веднаш по пиењето на кафето се подготвувам за претстојниот работен ден.

Ја имам таа привилегија да се занимавам со електро-техника, па најчесто работниот ден ми поминува на терен. Бидејќи ме интересира работата и ми претставува големо задоволство, многу често ми поминува времето во учење на работи поврзани со паметното (smart things) работење на електрониката.

По завршување на работниот ден, се упатувам во фитнес-центар каде што еден час се фокусирам на моите вежби. По завршувањето на тренингот, си подготвувам протеински шејк за да ми замени еден здрав оброк.

Од мојата матична агенција (Моделс Ин) ни сугерираат да бидеме постојано во добра форма, затоа што многу често се случува да имаме ангажман каде се бара да сме фит.

Освен грижата за телото, водам сметка и за своето лице, па на мое задоволство денеска имам закажано третмани за нега на коса и лице.

Што се однесува до ноќите, обично навечер сакам да се видам со моите пријатели и блиски луѓе на некоја вечера која најчесто сакам да биде ризото, зеленчук на скара и пилешки стек.
Пред спиење, уживам гледајќи ги моите омилени серии, а во моментов ја гледам серијата „Стрела“ (Arrow).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот