Што прави денеска – Катерина Шехтанска, актерка

Бидејќи сум спанка, не станувам рано, доколку немам некоја обврска за снимање или околу децата ако се прва смена, па треба да ги носам на училиште.

Денот ми започнува со кафе и веднаш правење план, а ако имам снимање, тоа знае да трае до осум часа, а доколку немам снимање, јас сум „такси-служба“ за разнесување на децата по училишта и спортски активности.

Синот Филип секој ден тренира кошарка, и тоа веќе 10 години, а тоа му е животна определба, а ќерката Клеоника, бирајќи помеѓу ракомет, балет, карате – на крај, се одлучи за одбојка.

Кај мене, не можам да кажам дека нешто посебно случува во едно деноноќие, но сепак, колку и да не правам ништо – јас, сепак, немам време за ништо.

Некогаш поради некое гостување на телевизија, одам на фризер кај Бубе или на третман на лице кај Маги, но бидејќи и двајцата ми се долгогодишни пријатели, тоа секогаш значи и другарска средба.

Понекогаш со пријателите организираме одење на кафе или на ручек, и тоа е тоа.

За жал, во театарот, барем за мене во моментов ништо не се случува, немам претстави на тековниот репертоар, што искрено многу ми недостасува, но тоа е што е.

Се надевам, што се однесува до професионалниот план, на многу повеќе обврски отколку досега.

Сè на сè бурен ден, а ништо посебно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот