Што прави денеска: Д-р Игор Пеев, специјалист по општа и субспецијалист по пластична хирургија

др игор пеев
Вообичаено настојувам да се разбудам барем час и половина пред првите работни активности како би поминал време со себе во тишина и мир / Д-р Игор Пеев / Фото: Приватна архива

Вака изгледа денот на научен соработник д-р спец. Игор Пеев, специјалист по општа и субспецијалист по пластична хирургија.

д-р Игор Пеев

„Во работните денови, денот ми започнува рано наутро. Вообичаено настојувам да се разбудам барем час и половина пред првите работни активности како би поминал време со себе во тишина и мир. Веројатно тоа е делот од денот што не е интензивен и напнат и го започнувам со мед, зелен чај, овошје и секако со утринско кафе. Тогаш размислувам и планирам за денот што претстои.

Работните активности зависат од денот: во некои денови прво сум во амбуланта на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, каде што прегледувам пациенти во првиот дел од денот, а попладнето ми е резервирано за естетски операции, или пак е оперативен ден, кога започнува со операции и знае да трае подолго. Паралелно со овие активности се одвиваат и консултации со други пациенти или контроли од претходно оперирани пациенти. Дополнителна е и активноста со студентите и специјализантите од Медицинскиот факултет, на кои сум им ментор или едукатор. Понекогаш во попладневните часови имам операции и во една приватна болница, каде што сум хонорарно ангажиран.

Д-р Игор Пеев

По еден ваков динамичен ден, практикувам да одам на тренинг, кога ќе стасам. Гледам да најдам време, бидејќи физичката активност ми помага да го канализирам стресот на здрав начин.

Тоа што најмогу ме опушта е времето поминато со мојот син Лука, кој има пет години и е во најинтересниот период на развојот. Најчесто смислуваме креативни начини за поминување на заедничкото време, одиме на тенис, смислуваме игри што ќе поттикнат развивање на детската фантазија, му раскажувам приказни со едукативни содржини, заедно готвиме или едноставно гледаме цртани.

Вечерите најчесто ги поминувам читајќи некоја книга или стручна литература, или излегувам со пријателите на убава дружба и пијачка. Тоа исто така ми ги полни „батериите“.

Д-р Игор Пеев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот