Што прави денеска: Алек Наумовски, топ-модел

Алек Наумовски
Вака изгледа денот на нашиот познат топ-модел Алек Наумовски

Морам да признаам дека сум вечерен тип на човек, па секогаш утрата ми се бавни и ми треба време за да почнам да функционирам. Прво и основно си приготвувам турско кафе за да си дојдам на себе, а веднаш потоа земам едно лажиче алое вера. Претходно немав навика, но со ситуацијата на пандемијата научив да земам витамини за имунитет и витамиц Ц.

Фото: Константин Влахо

Обично веќе по 13 часот ми се закажани состаноците со соработниците или моделите од мојата агенција. А, како некој ритуал на првиот состанок, секогаш сакам топло макијато и цеден микс. Многу често во попладневните часови одам во радио како надворешен соработник за да си ги завршам обврските. Обожавам да пешачам и затоа сум постојано во движење, па така знам често да пешачам до центар ако имам закажано некоја средба. Инаку, генерално сум постојано во трговски центар, некако најпријатно се чуствувам таму и се трудам моите дружења или средби со моделите да бидат во некое од тамошните кафулиња.

По подолга пауза, заради постојана трка со времето, се трудам некако да најдам време за фитнес или јога. Знам колку придобивки имам од тренингот и затоа морам да го натерам „другиот во мене“ да тргнеме похрабро.

Фото: Марко Маркоски

Вечерите, особено сега во овие прекрасни есенски денови, ми се резервирани за дружби со пријателите, или, ако останувам дома, тогаш ги селектирам сериите на Нетфликс што морам да ги гледам. Посебно чувство ми се домашните миленици – мачињата (Нео, Зоро и Троја), кои се радуваат кога ќе останам дома за да можат да уживаат во моето друштво. Веќе после два часот наутро повторно се вклучувам на лаптоп, бидејќи добивам мејлови за работа околу моделингот од сите страни на светот, па така, додека градот „спие“, јас „куцам“ и работам до раните утрински часови. За добар сон сакам да си приготвам чај од нане со лимон, зашто одлично ми делува.

Македонски машки топ-модели: Ликови кои остануваат засекогаш запаметени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот