Како македонските јавни личности го поминуваат жешкото лето?

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почетокот на јули нè дочека со многу сонце, но и дожд. И покрај тоа, јули е месец на годишни одмори, а и причина плус да побегнеме од градската гужва на некое помирно место. Летните одмори сè по полн ек, па нашите познати личности веќе ја искористија првата половина од летото да заминат некаде на море или езеро, а некои од нив допрва се подготвуваат да уживаат на некоја плажа. Можеби и кризата си го направи своето, поради што наместо одмор дел од нив се посветени на работата.

Што прават нашите јавни личности деновиве?

Летото за Ноне нема ниту почеток ниту крај. Велешанката Нона Неделковска која македонската јавност ја запозна преку натпреварот за музички таленти „Идол“ веќе долги години не се занимава со музика бидејќи ужива во работата на брод и бројните патувања низ светот. Поранешната пејачка веќе со години живее далеку од својот роден град и ужива во новиот начин на живот и работата на брод. Велес е вистинскиот дом на пејачката, градот каде живее нејзиното семејство. Ноне моментално ужива во прекрасниот италијански град, Равена. Равена е позната како мозаичен град поради прекрасните мозаици од 5-тиот и 6-тиот век кои ги красат ѕидовите на своите цркви и споменици и затоа што се уште е еден од врвните производители на мозаици во Италија. Равена има осум локации на светско наследство на УНЕСКО, римски локалитети, музеи, гробница на Данте и многу културни настани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

Тијана Дапчевиќ е една од бројните познати личности кои ја одбраа Грција како совршена летна дестинација. Пејачката на својот инстаграм-профил објави серија фотографии на кои може да се забележи дека е во топ форма. Дапчевиќ ја стартуваше летната сезона во вистинско време. Позирајќи во едноделен костим за капење во силно розова боја во кој потсетува на Памела Андерсон во улогата на С. Џ. Паркер од „Чувари на плажата“, Тијана го покажа своето совршено обликувано тело и бронзен тен.

Нашата познатата водителката и инфлуенсерка, Лила Стојановска на својот инстаграм-профил секојдневно споделува интересни фотографии и видеа. Храна, прекрасни дестинации, модни комбинации како и прекрасни моменти поминати со пријателите и семејството. Деновиве Лила ги искористи малку да го преуреди својот дом. Водителката направи убава летна промена на својата терасата за мал будет, а потоа се пофали дека ги променила столиците во трезаријата. Промената на столиците била неопходна бидејќи Рангар, или Раги како што таа нагалено го нарекува нејзиниот мачор видно ги оштетил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Водителката сподели и фотографија со кралот на трубата, Џамбо Агушев кој неодамна имаше настап во еден познат скопски локал, а Лила заедно со блиски пријатели уживаше во неговата музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

По престојот во Охрид по повод свадбената прославана својата мајка, Викторија Лоба се врати на своите работни обврски. Пејачката беше ангажирана да биде дел од програмата на летен фестивал во Градскиот парк организиран од странска компанија, а потоа се посвети на бројните ангажмани и фотосесии за брендовите со кои соработува. Распоредот на Лоба е исполнет со бројни настапи низ цела Македонија по познатите ноќни клубови и ресторани.

Перо Антиќ, актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија како и поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација веќе повеќе од еден месец со мали паузи ужива во ова лето. По одморот во Бодрум со нашиот топ-модел Катарина Ивановска судејќи според приложените фотографии на нивните профили, следеше уште еден одмор кој го помина со своите синови. Веќе е познато дека најстариот син на поранешниот кошаркар, Лука, е сериозно посветен на овој спорт. Најстариот син на Перо тргна по стапките на својот татко, а Павел и Петар полека, но со големо внимание ги следат стапките на својот поголем брат и татко. Деновиве Перо повторно објави кратки видеа на инстаграм – стори како ужива на плажа, но не ја откри локацијата.

Изминативе месеци за Елена Ристеска беа исполнети со многу работа. Пејачката беше дел од официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот „Наше море, наше скале“ во Херцег Нови, Црна Гора. Фестивалот заврши, а Елена во своето портфолио запиша уште еден успешен проект во низата на музички проекти во последниве 20 години кариера. Веруваме дека по напорниот период исполнет со бројни обврски пејачката ќе најде време и малку да одмори.

Тамара овој месец го прослави својот 37-ми роденден, но како да се подмладува бидејќи изгледа подобро од кога било, а притоа е незапирлива. Постојано е ангажирана, настапи, снимања, фотосесии… инстаграм-профилот на Тодевска е исполнет со многу фотографии како професионални така и прифатни. Деновиве ги поминува работно заедно со својот професионален тим кој се грижи за комплетниот изглед на пејачката како и за техничкиот дел поврзан со нејзините настапи и работни ангажмани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Вистинско уживање е кога Тамара Тодевска споделува забавни содржини на својот инстаграм-профил, особено од семејните моменти. Пејачката работа со полна пареа, а викендите ги користи да помине квалитетно време со семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Нашата позната манекенка и модел, Катарина Ивановска многу малку открива за својот приватен живот, а на социјалните мрежи воглавно објавува фотографии од професионални фотосесии, патувања и секојдневни моменти поминати со пријателите и нејзините деца. По одморот во Бодрум каде нашиот топ-модел уживаше во друштво на Перо Антиќ судејќи според приложените фотографии на нивните профили Катарина ужива во летниот одмор со своите деца на некоја непозната локација.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Антониа Гиговска изминативе денови ги помина во Белград, а причината за оваа нејзината посета беше поканата на актерот и водител Огњен Амиџиќ да биде дел од „Амиџи Шоу“. Совршено стилизирана во тиркизен фустан нашата млада пејачка заедно со Мирза Селимовиќ, Едита Арадиновиќ и Каја Остојиќ приредија вистинско шоу. Антониа и оваа прилика ја искористи за да ги покаже своите вокални способности, а освен неколкуте самостојни изведба, младата пејачка запеа во дует со победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Мирза Селимовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Покрај маестралната изведба на „Полско цвеќе“ од Тоше Проески, вистински хит на социјалните мрежи беше и нејзиниот лапсус. Имено, водителот ја замоли Антониа да преведе неколку зборови на македонски, а кога ја праша како на македонски се вика „слатко во тегла“, на нејзиниот одговор сите слатко се насмеаја. На ова пејачката одговори „компот“, по што веднаш потоа почнаа да се појавуваат мемиња на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот