Што пишува во биографијата на идната министерка за финансии?

Во Собранието пристигна биографијата на предложената министерка за финансии Нина Ангеловска

Таа е родена во Скопје на 13. јули во 1988 година, па нејзиниот животен век изгледа вака:

Средно образование завршила во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, а во 2010 година дипломирала на Универзитетот „Кирил и Методиј“ на Економскиот факултет.

Дипломирала со просек од 9,94 на секторот Е-бизнис како најдобар студент на генерацијата. Ангеловска ја добила и Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

Додека студирала била ангажирана и како демонстратор по неколу предмети, а учестувала и на неколку меѓународни натпревари.

По дипломирањето го стартува првиот бев сајт за групни попусти во Македонија, „Групер“, кој го води околу девет години.

Во 2012 година станала магистар на економски науки во областа на е-менаџмент, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, а во 2016 година стала доктор на науки по организациски науки и управување на истиот Универзитет.

Таа била говорник, предавач и ментор на 300 домашни и меѓународни настани.

Во 2016 година германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа, а во 2018 година магазинот Форбс ја наградува со престижното признание „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и е-трговија.

Тука можете да ја погледнете целата биографија на новопредложената министерка за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот