Што остана од спортот да гледаме во текот на викендот?

EPA/ADAM CIERESZKO

Поради епидемијата на коронавирусот многу спортски настани се одложија, како и кај нас, направи апсолутен хаос во светот на спортот.

Натпреварувањата секојдневно се одложуваат поради заразата, денеска се потврди на пример дека се откажуваат натпреварите на ракометниот клуб на Вардар во СЕХА и ЛШ, а воедно и многу спортски екипи се наоѓаат во карантин.

Се поставува прашањето што остана да се гледа престојниот викенд, иако знаеме дека оние поголемите фудбалски, кошаркарски, ракометни и други спортски настани нема да ги гледаме во наредниот месец, а можеби и поголем период.

Љубителите на спортот, тука би ги вклучиле и обложувачите, нема да имаат преголем избор кога се во прашање ТВ спортските преноси.

Од кошарката останаа барем засега возбудувањата во турската лига, некои мечеви во Србија, Црна Гора, Унгарија, Косово, Кипар.

Од ракометот, првенства во Унгарија, Исланд, Португалија, Луксембург, Литванија, Шведска, Турција.

И секако сега „најинтересниот“ дел за фановите, фудбалот, како што е веќе познато одложени се Премиер лигата, Бундес лигата, Лига 1, Ла Лига, Серија А, регионот, и многу останати познати европски првенства.

Сеуште се играат дуели во Унгарија (но пред празни трибини), а потсетување дека таму настапуваат неколку македонски репрезентативци, Кире Ристевски, Висар Муслиу, Бобан Николов.

Има куп мечеви во Исланд, потоа во Косово, Русија, Украина, јужноамериканските шампионати, а во Турција е редовното коло, в недела е дербито Галатасарај-Бешикташ, натпревар кој можеби во овој момент привлекува најмногу внимание.

Нема тенис, нема Формула 1, но затоа ќе има хокеј пресметки во Финска, Русија, Шведска, Украина, Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот