Откажани натпреварите на Вардар во СЕХА лигата и во ЛШ

Натпреварите на ракометарите на Вардар во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите се одложени поради коронавирусот.

Вардарци во недела требаше да го играат реванш натпреварот од четвртфиналето на СЕХА Лигата против хрватскиот Нексе, но натпреварот е одложен на неодредено време.

Раководството на СЕХА донесе да ги одложи натпреварите Вардар – Нексе и Веспрем – Војводина поради актуелната ситуација со коронавирусот, а неизвесно е и одржувањето на завршниот фајналфор кој треба да се одржи во Задар.

Исто така е одложен е и првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите кој Вардар на 23 март треба да го игра против Пик Сегед.

– Изненадени сме од ситуацијата, но ова е очекувано. Малку сме во незгодна состојба, во наредните 4-5 дена ќе одмораме и нема да тренираме. Здравјето на играчите е на прво место – вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот